(ВИДЕО) Трамп: Демонстрантите ќе ги пречекаат „најопасните пци“ ако ја минат оградата на Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите кои протестираат поради убиството на црнецот од бел полицаец во Минеаполос, дека ќе бидат „дочекани од најопасните кучиња и најопасното оружје кое сум го видел“, доколку ја минат оградата на Белата куќа.

Медиумите оценуваат и дека во серија твитови, се чини дека Трамп ги повикал и своите приврзаници да се соберат пред Белата куќа.

„Вечерва, како што слушнав, MAGA велер во Белата куќа???“, напиша во еден од твитовите американскиот претседател.

MAGA e кратенка од мотото на Трамп „ Make America Great Again” односно „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Подоцна Трамп изјави дека не знае дали неговите приврзаници ќе дојдат.

За време на протестот во Минеаполис за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец со колено го пристискаше на вратотот повеќе од пет минути, Белата куќа беше кратко блокирана, опкружена со демонстранти кои извикуваа „Нема правда, нема мир“, а ситуацијата беше на работ на конфликт, но припадниците на полицијата се заканија со солзавец.

Смртта на Флојд во понеделникот покрена протести, повеќето насилни придружени со вооружени грабежи и вандализам, ширум САД.  Покрај првичните демонстрации на гневните граѓани во Минеаполис, Минесота, каде Националната гарда беше распоредена во петокот и воведена привремена вонредна состојба со полициски час, илјадници лица излегоа на улиците во Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Атланта, Денвер, Мемфис, Њујорк, вклучително и во Вашингтон.

Белата куќа привремено беше затворена додека стотици луѓе се собираат во текот на пладнето, наспроти плоштадот Лафајет. Откако заминаа во протестна поворка, демонстрантите повторно се собраа, а видеоснимките прикажуваат туркање меѓу полицајците и демонстрантете.

Трамп гио пофакли примадниците на Тајната служба кои се задолжени за безбедноста на Белата куќа, наведувајќи дека биле „многу ладнокрвни“. „Бев внатре, го следев секое движење, и не можев да се чувствувам побезбедно“.

„Голема толпа, професионално организарана, но никој не дојде ни близу зградата. Да дојдеа, ќе беа дочекани со најопасните кучиња и најопасното оружје. Многу тајни агенти само го чекаат тој чекор“, рече Трамп.

Трамп ја обвини градоначалничката на Вашингтон Диси, Муриел Боувсерм, затоа што одби да испрати полиција да им помогне на агентите на Тајната служба.

Нејзиниот кабинет не сакал да коментира веднаш за Reuters, но весникот The Washington Post, кој е јавно деклариран против републиканскиот претседател Доналд Трамп, без наведување на докази и извори напиша дека наводно градската полиција ќе помогнала при контролирање на подоцнежното собирање.