(ВИДЕО) Трамп до постарите граѓани: Кина ќе плати висока цена поради коронавирусот

Доналд Трамп објави видео на Твитер во кое им се обраќа на постарите граѓани на тревникот пред Белата куќа.

„До моите омилени луѓе во светот, старите лица! И јас сум постар, знам дека не го знаете тоа, никој не го знае тоа, не мора да им кажувате, но и јас сум постар. Напредуваме во борбата против оваа страшна болест што ни ја испрати Кина. Кина, која ќе плати висока цена за тоа“, рекол Трамп во воведот на обраќањето.

Тој исто така соопштил една прилично збунувачка работа.

„Ние се грижиме за нашите најстари. Вие не сте ранливи, но тие сакаат да кажат дека сте ранливи. Вие сте најмалку ранливи, но сте ранливи на оваа една работа. И јас сум “, рекол Трамп во еден момент.

Тој ја пофалил терапијата што ја добил за лекување во воената болница Волтер Рид и истакнал дека наскоро ќе им биде достапна на сите, особено на постарите лица.

„Но, ние имаме лекови. Минатата недела бев многу болен и отидов во болница. Ги зедов тие лекови и беше неверојатно. Ќе ги направиме достапни, веднаш. Сакам да ја добиете истата грижа што ја добив и јас. Овие лекови се тотално безбедни и бесплатни“, заклучил Трамп.