(ВИДЕО) Трамп ги насмеа сите: Син ми Барон имаше ковид 15 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека неговиот син Барон го прележал ковид-19 за 15 минути.Неверојатната реченица Трамп ја кажал пред својте приврзаници на собирот во Мартинсбург во Пенсилванија вчера попладне.

Трамп претходно се пофали со силниот имунитет на својот син. Го прераскажал наводниот разговор со лекар за позитивниот тест на Барон на ковид-19.

– Го прашав лекарот што се случува, а тој ми одговори дека Барон е позитивен. 15 минути подоцна го прашав лекарот, како е Барон, а тој ми одговори: Оздраве, раскажал Трамп на поддржувачите на собирот, а многумина се насмеале.

Изгледа дека целта на анегдотата на Трамп е за повторно отворање на училиштата, чекор на кој поради лошата здравствена ситуација поради пандемијата неволно ја прифаќаат американските сојузни држави.

Наводното брзо опоравување на Барон од ковид-19, Трамп често го споменува во својте говори за да ги наведе властите да ги отворат училиштата.

– Да ги вратиме учениците во училиштата. Добивме позитивен тест и 15 минути подоцна лекарот рече дека Барон е добро – рекол Трамп и во Висконси во саботата.

https://www.youtube.com/watch?v=5aE9AKuCgtQ&feature=emb_logo