(ВИДЕО) Трамп накратко излезе од болница и порача: Многу научив за Covid-19, ова е животно училиште

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделеата дека „многу научил за Covid-19“ и накусо со автомобил излезе од болницата „Волтер Рид“ во која се лекува за да ги поздрави собраните симпатизери.

„Ова е многу интересно искуство. Многу научив за коронавирусот. Го научив тоа на сопственото искуство, тое училиште на животот, а не информации добиени од книги, и ги сфатив, сега ги разбирам“, изјави Трамп во кусата видео-порака на Twitter и им се заблагодари на лекарите и „големите родољуби“ кои бдеат пред болницата крај Вашингтон во која тој закрепнува.

Набрзо потоа кусо излезе од научниот медицински центар на американската воена морнарица во предградието на Вашингтон каде беше пренесен во петокот, за од прозорецот на автомобилот со маска на лицето да ги поздрави симпатизерите собрани пред болницата.

Овој потег ја изненади јавноста и веднаш предизвика критики од противничките демократи дека ги изложил на можна зараза агентите на Такната служба кои биле во негова придржуба.

Набрзо потоа Белата куќа соопшти дека претседателот со почитување на сите мерки се вратил во болницата.

Лекарите од „Волтер Рид“ во неделата рекоа дека поради брзото закрепнување постои голема можноста Трамп да е врати во Белата куќа уште во понеделник, каде што ќе продолжи да ја прима терапијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.