(ВИДЕО) Трамп објави снимка како Афроамериканец тепа белец: Каде се сега демонстрантите?

На социјалните мрежи во САД кружи снимка од напад во Мичиген на која се гледа како еден Афроамериканец напаѓа белец, а снимката на својот Твитер ја објавил и претседателот Доналд Трамп.

За разлика од снимката на полициското насилство врз Џорџ Флојд во Минеаполис во Минесота, чие убиство поттикна големи протести и немири ширум САД, жртвата на оваа снимка преживеала.

Меѓутоа, во овој случај напаѓачот бил црнец, а жртвата белец – поточно, продавач во трговската куќа на познатиот трговски ланец Мејсис.

Нападот се случил уште на 15 мај, а потоа снимката се проширила на социјалните мрежи, а денеска на Твитер ја споделил и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој ја ретвитирал објавата на Мет Волш, колумнист на американскиот десничарски портал Дејли Вајр, кој го основал политичкиот коментатор Бен Шапиро.

„Погледнете што се случува тука. Каде се демонстрантите? Дали е овој маж уапсен“, напишал Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.