(ВИДЕО) Трамп: Полицијата убива повеќе белци отколку Афроамериканци

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го минимизира  обемот на полициско насилство врз Афроамериканците, изјавувајќи дека полицајците убиваат „повеќе белци“.

Во интервју за CBS News Трамп беше прашан зошто Афроамериканците продолжуваат да умираат од рацете на полицијата.

„И белците, исто така, и белците, исто така. Какво ужасно прашање. И белците. Повеќе белци. Повеќе белци“, одговори тој во интервјуто во кое зборуваше и за коронавирусот и начинот на кој САД се справуваат со епидемијата на COVID-19.

Полициското насилство врз Афроамериканците е во центарот на вниманието во САД откако на 25 мај почина Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис, откако полицаец му клекна со коленото на вратот.

Смртта на Флојд доведе до протести низ САД и низ светот.

Според анализата на The Washington Post, половината од лицата кои се убиени од полициските сили навистина се белци, но смртта на Афроамериканците е непропорционална затоа што тие се помалку од 13 проценти во вкупното американското население.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.