(ВИДЕО) Трамп во неделата на голф, Бајден на литургија

Американскиот републикански претседател Доналд Трамп во неделата повторно замина на голф игралишеттот во Стерлинг во сојузната држава Вирџинија, втор ден по ред откако беше објавена победата на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден на американските претседателски избори од 3-ти ноември.

Познат како добар играч на голф, Трамп веќе беше на терените кога американските медиуми во саботата четири дена по изборите проценија дека водството на Бајден повеќе не може да го достигне и дека тој е новизбраниот претседател на САД.

Трамп не го признава поразот и тврди дека изборите биле полни со неправилности и дека се поништени многу гласови за него со што му е украдена изборната победа.

Кампањата на Бајден, пак, во неделата утрото објави дека тој отишол на литургија во градот Вилмингтон во државата Делавер каде живее со семејството.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.