(ВИДЕО) Три лица се убиени при пукање во ресторан во САД

Три лица се убиени, а двајца ранети откако во еден ресторан во САД дошло до пукање.

Пукањето се случило во ресторан во сојузната држава Висконсин, поточно во Кеноши.

Мотивот за пукањето сè уште не е познат, јавува Си-ен-ен.

Две лица со прострелни рани се пренесени во болница, а нивната состојба е критична.