(ВИДЕО) Тричковски и понатаму ги тресе мрежите во Кипар

Tимот на АЕК Лaрнака денеска во дуелот од 25. коло на шампионатот на Кипар, го совлада тимот на Етникос Ахна со конечни 3:1,  а  нашиот фудбалски репрезентативец Иван Трипковски беше еден од стрелците за домашниот тим.

Тричко го отвори резултатот во 19. минута од мечот, гостите израмнија, а АЕК потоа во вториот дел го дови мечот.

Покрај Тричковски настапија на овој меч Мојсов, односно Спировски, а на спротивната страна на голот беше Богатинов, односно Јован Костовски.

Тричковски со овој погодок е на делба на втората позиција на табелата на најдобри стрелци во шампионатот на Кипар, со десет погодоци, а дури петтмина се на делба на првото место со 12 гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.