(ВИДЕО) Тричковски ја продолжи гол серијата и го спаси АЕК од пораз

Иван Тричковски ја продолжи гол серијата во квалификациите во Лигата на Европа.

Тој попладнево на дуелот против Гент на Кипар, го спаси својот тим АЕК Ларнака од пораз. Тимот од Белгија водеше со 1-0 се до финишот на мечот, кога македонскиот репрезентативец успеа да ја затресе мрежата и да извади 1-1 пред реваншот за седум дена кој ќе се игра на гости.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.