8.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

(ВИДЕО) Тригодишно девојче напиша, компонира и испеа песна – доби 2 милиони прегледи

Со над 25.000 следбеници на Твитер и двојно повеќе на Инстаграм, музичарот Том Розентал не е непознат на социјалните мрежи.

Но, кога последната објава на овој музичар стана вирална, повеќе и должеше на својата тригодишна ќерка отколку на неговата креативност. Додека Розентал се подготвува за европска турнеја, неговата ќеркичка Фен го имаше својот момент на слава со песна за диносаурусите, се в заљубуваат и завршуваат трагично, што на Твитер е слушано повеќе од 2 милиони пати.

Според нејзиниот татко, „Диносаурусите во љубов“ е нејзината прва соло креација.

https://twitter.com/tomrosenthal/status/1222242112307187712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1222242112307187712&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Farticles%2F407061%2Fsilvester-stalone-reshi-da-prestane-da-se-podmladuva-video

Како музичар, тој постојано ги охрабрувал Фен и нејзината постара сестра, шестгодишната Бес, сами да составуваат мелодии.

Фен сама ги напишала сите зборови на песната , а тато малку и помогнал со мелодијата.

Розентал се опиша себеси како обичен човек кој пее песни во забавен, индиски стил, додека неговите деца обично пеат песни за животни.