(ВИДЕО) Тринаесет повредени во експлозијата во Лион

Tринаесет лица се повредени во експлозијата којашто одекна во петокот попладнето во центарот на француски Лион, во блиината на плоштадот Белкур, едно од најпосетуваните места во градот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавии дека, за среќа, во експлозијата нема загинати. Бројот на повредени постојано се зголемува, а меѓу повредените е и осумгодишно момченце.

Според телевизијата BFMTV, пакет експлодирал во 17,30 часот по локално времем во близина на пекарница на пресекот на улицата Виктор Иго и улицата Сала. Онлајн изданието на весникот Le Progres пишува дека експлозивната направа била сокриена во торба заедно со завртки и метални делови.

 

Од снимките направени од камерите за надзор се гледа дека експлозивната направа ја оставил засега неидентификуван маж кој возел велосипед. Полицијата трага по него. Во извештајот на BFMTV, осомничениот е на возраст меѓу 30 и 35 години, носел црн џемпер , светлио бермуди и носел темни очила.

Полицијата го блокираше местото на инцидентот, а локалните власти предку Twitter го повикуваат населението да ја избегнува областа поради безбедносни прилини.

Според порталот FranceInfo, истрагата ја започнало антитерористичкото обвинителство. Од друга страна, претседателот Макрон истакна дека е премногу рано да се извлекуваат какви и да се заклучоци за настанот.