(ВИДЕО) Трудо не се извини за коментарите за Трамп, поради коиј овој го нарече дволичен

Канадскиот премиер Џастин Трудо не најде за сходно да му се извеини на американскиот претседател Доналд Трамп за коментарите дадени за него во вторникот во текот на приемот на челниците на членките на НАТО во Бакгингемската палата, велејќи за новинарите дека има „прекрасни односи“ со американскиот лидер, којшто, пак, поради споменатите коментари ги нареле „дволичен човек“.

Претходно во средата на маргините од лондоснкиот самит на НАТО, Трамп се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, на средба на која беа поканети и новинарите кои побараа од американскиот претседател да го коментира видеото на коешто Трудо опкружен со неколку европски лидери дава забелешки за Трамп. „Тој е дволичен човек“, кусо одговори американскиот претседател.

Неколку моменти, кога новинарите веќе започнаа да поставуваат други прашања, Трамп се надворза: „Што се однесува до Трудо, тој е добро момче, го сметам за добро момне, но вистина е дека му нагласив дека не плаќа 2 отсто (од БДП-то за одбраната), мислам дека не беше баш среќен поради тоа“.

Претходно во вторникот на интернет се појави видео сникма на која е снимен разговорот на Трудо со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и холандскиот премиер Марк Руте. Во текот на разговорот Џонсон го прашува Макрон за причината за неговото доцнење. Квалитетот на снимакта не дозволува јасно да се разбере одговорот на францискиот претседател, но во разговорот се вклучува Трудо со „Доцнеше затоа што мораше да одрќи 40-минутна прес-конференција. „Видов, како вилицатаџастин трудо им паднаа на неговиот тим“, продолжи канадскиот премиер.

Името на Трамп притоа не беше споменато, но медиумите претпоставуваат дека Трудо со тоа ги исмејуваше импровизираните прес-конференции кои американскиот челник често ги одржува во рамките на официјалните средби со колегите.

Медиумите забележуваат дека Трамп многупати се има сретнато со Трудо, и сите средби се одвивале во пријателска атмосфера, но подоцна подоцна следеа размени на забелешки за разликите меѓу двете земји.

Трамп подоцна на Twitter напиша дека реши да ја напушто прес-конференцијата закажана за во средата по самитот на Алијансата.

„Кога ќе завршат денешните состаноци, ќе се вратам во Вашингтон, Нема да одржиме прес-конференција …, затоа што и онака одржавме многу во изминатите два дена“, напиша Трамп.