(ВИДЕО) Туристи на чамци бегаат од пожарите во Турција

Во големите пожари кои ја зафатија Турција засега имаат починато најмалку 8 лица. Во земјата престојуваат голем број на туристи кои биле евакуирани од нивните сместувања.

Евакуацијата била извршувана со чамци и бродови. На видеото кое го објави Би-Би-Си може да се види како била извршувана евакуацијата на луѓето.