Видео: Твојот трон не е сигурен! Џихадистите му се заканија на Путин

Твојот трон не е сигурен, твојот трон ќе падне кога ќе дојдеме по тебе, бидејќи Алах е на наша страна, му порачале џихадистите на рускиот претседател Владимир Путин.

Припадниците на Исламската држава по освојувањето на аеродромот во Рака, снимиле видео снимка во која му се закануваат на Путин.

-Ова е порака за тебе Владимир! Ова е твој авион кој ти си му го пратил на Башар, а ние ќе го пратиме по тебе. Ние ќе ја ослободиме Чеченија и цел Кавказ. Твојот трон не е сигурен, твојот трон ќе падне кога ќе дојдеме по тебе, бидејќи Алах е на наша страна, се вели во пораката која џихадистите му ја упатија на Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.