(ВИДЕО) Уапсен црногорски државјанин кој упадна со автоматска пушка во кафуле во Белград

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија го пронајдоа и приведоа вооруженото лице кое вчера доцна поладна во кафетерија на Врачар направило вистинска паника меѓу гостите кои почнале да бегаат преку столици, да легнуваат на под и да се кријат зад шанкот за да спасат жива глава.

Станува збор за државјанин на Црна Гора  со иницијали М.М. (1987 г.). Се сомничи дека направил кривично дело со недозволено носење на оружје, иако истото не го употребил. При претресот во домот во кој бил уапсен пронајден е автоматски пишто „узи“ со пригушувач, силиконска маска и облеката која ја носел при посеатат на кафетеријата.