(ВИДЕО) Уапсени Македонец и двајца Срби за убиство во Словачка

Двајца Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник, 22-годишниот  Никола Косаниќ во Братислава во неделата, се уапсени во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти во средата словачката полиција.

Третиот осомниечн напаѓач, пак, државјанин на Македонија е уапсен во Словачка, но против него сѐ уште не е подигнато обвинение.

„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8-ми декември“, се наведува во соопштението на словачката полиција.

Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава. Тие се обвинети во отсуство и во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.

Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.