ВИДЕО: Убиена Горила откако нападнала 4-годишно дете

Машка горила била убиена во Зоолошката градина во Синсинати, откако 4-годишно момче паднало во неговиот кафез.

Животното, што само еден ден пред тоа наполнило 17 години го кренало детето и го влечело. Поради ова чуварите во зоолошката го собориле животното поради безбедносни причини.

Инцидентот се случил во Зоолошката градина во Синсинати вчера, откако детето ја прескокнало оградата и паднало во кафезор на животното.

Директорот на зоолошката Тејн Мајнјард вели дека животното не изгледало дека го напаѓа детето, но дека било премногу силно и во состојба на бес.

Според него, успивањето на горилата со немало веднаш да даде ефект и момчето и понатаму би било во опасност. Како што вели наместо тоа, тимот во зоолошката морал да донесе брза одлука и да го убие животното.