(ВИДЕО) Убиениот криминалец во Шпанија бил внук на „кардиналот“ на црногорската мафија

Милош Перуничиќ(41 г.) кој завчера беше убиен во шпанскиот град Марбеља е близок до „шкајарскиот“ клан, пишуваат српските медиуми. Милош одамна не живеел во Црна Гора. Кај него по убиството биле пронајдени лични документи од БиХ.

Медиумите откриваат дека Перуничиќ бил внук на Слободан Ѓуровиќ, кого го викаат „кардинал“ и е главен црногорски мафијаш.

Милош беше изрешетан на пешачки премин кога преминувал улица откако напаѓачот му се доближил и испукал најмалку шест куршуми во неговото тело од пиштол со пригушувач, по што заминал во непознат правец.