ВИДЕО: Убиено мистериозно суштество кое личи на Чупакабра

Необично суштество за кое се верува дека е мистичното суштество чупакабра било успиено бидејќи изгледало како да е тешко болно.

Џеки Сток и нејзиниот сопруг Буба откиле дека ова безвлакнесто суштество ја јаде пченката на нивниот имот.

Го видов и му реков на сопругот: „Погледај, тоа е мала чупакабра!, вели Џеки“.

Таа го земала животното и го држела во кафез и како што вели редовно го хранела и му давала вода.

Соседите велат дека животното дефинитивно личи на митското суштество Ел Чупакабра, чие постоење засега не е потврдено. Ова суштество наводно се храни со крвта на козите и преку ноќ напаѓа цели стада.

Фармерите велат дека го успале животното бидејќи им изгледало како да страда.

„Мирно заспа. Се поврзав со него, го викав Чупи“, раскажува Џеки.

Постоењето на чупакабрата се уште не е докажано. Научниците веруваат дека поради некоја болест на ова животинче му опаднало крзното.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.