ВИДЕО| Љубовта кон лидерот е слепа – Ковачевски ги следи и лапсузите на Заев!

Во МНТ во Скопје, синоќа се одржа свечената академија по повод националниот ден на Србите во Македонија. На свеченоста, покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, присуствуваа и министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.

Во манир на продолжување на бројните лапсузи и збунувачки настапи на неговиот претходник, Зоран Заев, Ковачевски во своето обраќање го поздрави Никола Селаковиќ, министерот на Србија, ословувајќи го како како министер за надворешни работи на Република Српска, каде што всушност и не постои таква министерска функција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.