ВИДЕО Ученик со лажен пиштол и се заканува на наставничката

Видео снимката на која се прикажува ученик како на наставничката и се заканува со лажен пиштол ја згрози француската јавност.

Инцидентот се случил во училипште во југоисточното предградие на Франција, а на снимката јасно се гледа како ученикот држи „пиштол“ над нејзината глава, додека друг ученик во позадината на камера покажува среден прст.

Иако наставничката изгледа смирено, сепак може да се заклучи дека не и е сеедно. Штом видеото се прошири на интернет, јавноста коментираше дека се надева 16-годишното момче ќе ја добие соодветната казна.

Целиот случај го кометираше и претседателот на Франција Емануел Макрон кој рече дека овој инцидент е „неприфатлив“.

Овој случај покрена лавина коментари кои укажуваат на тоа дека професорите секојдневно се соочуваат со насилство во училиште од страна на учениците и бараат од властите да преземат соодветни мерки за да се спречат вакви случаи во иднина.