(ВИДЕО) Учебната година не започна вчера, ама средношколците се журкаа во ТЦ Бисер

Откако вчерашниот почеток на учебната година беше одложен за први октомври поради пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи се прошири снимка од забава во кафулиња во ТЦ Бисер.

На видеото може да се види дека мерките за заштита од ширење на коронавирусот не се почитуваат, па средношколците кои присуствуваа на забавата не држеа никакво растојание ниту на отворено, ниту во затворениот дел.

Средношколците не носат ниту маски на снимката, а може да се забележи и како делат наргиле.