(ВИДЕО) Удриле 8.000 молњи за два часа во силно невреме во Истра и Кварнер

Силното невреме ноќеска ги зафати Истра и Кварнер, пишува „Истрамет“. Градовите биле погодени од пороен дожд, силен ветер, а за два часа биле забележани над 8.000 молњи.

За цело време дувал силен ветар, на одделни места со удари на бурата со јачина и до 86 километри на час, гласно југозападни, наведе Хина.

На одделни места врнеше и пороен дожд, па така во Умаг и Новиград наврнаа дури 32 милиметри, а станицата во Пореч регистрира 15 милиметри, во центарот на Пула имаше 13 милиметри дожд, додека темературата во цела Истра се намали за пет степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.