(ВИДЕО) Украинците заробија руски танкер, Москва се заканува

Украинската служба за бебедност го задржала руски танкер „Нејм“, кој бил користен за блокада на Керчкиот проток, кога се случил инцидент со украинските морнари.

Како што е наведено, во тек е подготовка за обвинение врз чија основа брдото треба да биде запленет. Медиумите пренесуваат дека украинската служба извршила претрес на бродот, ја конфискувала комплетна документација, како и дека е сослушан екипажот.

Да потсетиме, три брода на украинската воена морнарица на 25 ноември минатата година, нарушувајќи ги членовите 19 и 31 од Конвенцијата на ОН за морски права, ја пресекле државната граница со Русија.

Москва ги истражува околностите под кои Украина донела одлука да го задржи рускиот танкер за да преземе одговарачки чекори и предупредува дека ќе има последици ако некој од екипажот биде земен како сведок, соопштило денеска руското МНР.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.