ВИДЕО: Украински гувернер врзан за метален столб од демонстрантите, полицијата се предала

Во Украина, веќе неколку месеци владее хаос по улицита поради протестите кои го зафатија регионот и претставуваат закана за цела Европа, а од ден за ден стануваат се покрвави и по страшни.

Демонстрантите во Лутск, град во западна Украина, ја урнале локалната власт, а регионалниот гувернер го извлекле од канцеларијата и со лисици го врзале за метален столб, при што го терале да потпише оставка.

Олександр Башкаленко, беше лично именуван за регионален гувернер од претседателот Виктор Јанукович.

Сето ова се случувало само неколку часа откако Јанукович договорил примирје со опозиционите лидери и прогласи ден на жалост во Украина поради крвавите немири во кои загинаа најмалку 26 лица.

Неколку илјади демонстранти во Лутск ги кршеле прозорите и фрлале молотови коктели кон владината зграда, вклучувајќи го и седиштето на полицијата во градот.

„Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми“, им рекол Башкаленко на демонстрантите.

Демонстрантите ја опседнале зградата на полицијата цел еден час пред полицајците да се предадат.

Во последниве неколку денови ситуацијата во Киев и цела Украина ескалираше. Од вчера до денс загинаа повеќе од 28 лица, а преку 500 побарале лекарска помош.