ВИДЕО: Украинските демонстранти го нападнаа Кличко

Разлутената топла на демонстранти во Киев, како да подзаборави дека Витали Кличко е светски првак во бокс, па го нападнаа, но не директно, туку со апарат за гаснење пожар. За среќа, Кличко, кој планира да се кандидира за претседател, знае дека неговата сила е само за во рингот, па не им ги покажа своите вештини на демонстрантите, иако тргна кон нив.

Од синоќа повеќе од 2.000 луѓе со гас маски и натаму се на улуците на Киев во затегната атмосфера. Вчеравечер дојде и до  судири меѓу демонстрантите и полицијата. Тие ноќта ја поминаа на улица и покрај екстремно ниските температури. Демонстрантите фрлаат со петарди, а полицијата употреби солзавец.

Разлутените демонстранти не успеа да ги смири ниту поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко, сега еден од лидерите на украинската опозиција. Во обид да преговара со нив, Кличко го извлече „подебелиот крај“ и беше испрскан со противпожарен апарат.

Незадоволни, демонстрантите го испрскаа со апарат за противпожарно гаснење. А тој се обиде да им врати со тупаници, но го смирија навреме.

Според наводите, 30 припадници на полицијата се повредени во судирите, четири од нив се со сериозни повреди.

Врз 10.000 демонстранти употребени се водени топови и солзавец.