(Видео) Улица проголта четворица луѓе

Четворица луѓе загинаа кога се отворила дупка на улица во градот Дашоу во Кина, јавија локалните медиуми. Несреќата се случила во неделата попладне кога наеднаш се отворила земјата и ги проголтала пешаците.

Трагедијата била снимена на камерите од објектот во близина.

Видеото покажува дека подоцна пожарникарите се откажале од спасување на луѓето, бидејќи земјата повторно пропаднала. Првата жртва била пронајдена на 6,5 метри под земја, а булдожерите успеале да достигнат до осум метри. Досега се идентификувани две жртви, татко и 11-годишен син, чии тела биле пронајдени по два дена.