(ВИДЕО)„Умрете Македонци на Кале нема цркви“: На ТикТок се шири жесток говор на омраза

На социјалните мрежи се шири и разгорува меѓуетничка нетолеранција, говор на омраза и повици за физички пресметки. Последно во низата навреди упатени на оваа мрежа се од Албанци и Роми како повикуваат на етничка и верска омраза, и се закануваат со војна.

Песна која е полна со омраза и нетолеранција кон Македонците која на каналот на јутјуб е објавена пред една година, деновиве е актуелна откако младите корисници на мрежата ТикТок се снимаат како ја интерпетираат.

Песната носи наслов „Тргни се од Кале“, а е во изведба на извесни „Ласт Кингс“. Еден коментар ја вознемири целата јавнос: „Копиле ќути зошто ќе одиш и ти кај Саздо”.

Потребно е итно секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство да преземат мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза и да ги пронајдат лицата кои ја прикачиле песната на Јутјуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.