(ВИДЕО) Уапсениот напаѓач со мачета во Сиднеј не бил терорист

Уапсениот 21-годишен напаѓач во центарот на австралиската метропола Сиднеј во вторникот нападна со мачета две жени, од кои едната почина, не извршил терористички напад, туку станува збор за психички болен човек, соопшти тамошната полиција.

Полициската операција целосно го запре функционирањето во центарот на Сиднеј, откако момчето со месарски нож одеше по фреквентните градски улици, обидувајќи се среде бел ден да нападне случајни минувачи. Затворени беа неколку улици, а сообраќајот пренасочуван додека полицијата и возилата на брзата помош одоговараа на инцидентот.

Болниларите нашле 41-годшна жена која е прободена во грбот. Во моментов таа е хоспитализирана и е во стабилна состојба. Наскоро потоа во стан во истата улица полицицајците пронајдоа и 21-годипна девојка на којашто ѝ бил пресечен гркланот. Полицијата ги поврзува овие два напада.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки од инцидентот. На нив се гледа маж кој неселективно напаѓа случајни минувачи, извикувајќи „Алаху Акбар“ (Господ е голем), а потоа тројца минувачи успеваат да го запрат и да го задржат на земјата.

Полицискиот началник Мик Фулер изјави дејка нападот не се води како терористички чин бидејќи „напаѓачот не е поврзан со терористчки групи и дејствувал сам“. Локалните медиуми пишуваат дека мажот неодмана побегнал од психијатриска болница, но полицијата не ги потврдува овие тврдења. Меѓутоа, Фулер истакна дека момчето имало историја на психички проблеи и дека „сите докази упатуваат“ на тоа дека станува збор за чин на психички болен човек. Кај него е пронајдено УСБ со материјали „од идеологиите поврзани со тероризмот“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=cmjy8YsDnUQ