Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади се без електрична енергија по ударот на ураганот „Макјл“ во Американската сојузна држава Флорида и соседните држави. Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за најсилниот ураган што досега го погодил подрачјето на Флорида. Националниот центар за урагани информираше дека „Мајкл“ веќе слабее и е во ниво на тропска бура.
Како беше за време на најголемиот удар може да видите во следното видео објавено од „Гардијан“.