(ВИДЕО) Уште една жртва во судирите меѓу поддржувачите на Моралес и полицијата

Најмалку едно лице е убиено во судирите на поддржувачите на повлечениот боливиски претстседател Ево Моралес и полицијата во рафинеријата Сенката во Ел Алто, откако кон главниот град на Ла Паз се упатла колона цистерни со гориво.

Триесет и едногодишник е убиен со огнено оружје. „Бараме од властите да отворат истрага“, изјави портпаролот на граѓанското здружение Заштитници на народот. „Загинатиот почина на моите раце од прострелна рана во пределот на срцето“, изјавил лекар од екипата на брзата помош кој интервенирала на местото на настанот.

Ова е 25-та жртва во насилствата последните месеци, во кои повеќе повеќето се убиени откако на улиците излегоа приврзаниците на Евро Моралес кој беше принуден да поднесе остаква на должноста. Медиумите, исто така, јавуваат дека меѓу три и пет лица се ранети во судирите во вторникот вечерта.

Според извештаите на локалните медиуми, судирите избувнале кога демонстрантите се обиделе да ја вратат контролата врз рафинеријата на боливиската нафтена корпорација YPFB, откако војската и полиција деблокирале излез на конвој со цистерни за Ла Паз. Со динамит, вработените во рафинеријата го урнале ѕидот на компанијата, по што полцициските сили отвориле оган.

Моралес убиството на мирните демонстранти ги стави на товар на привремената влада на Болоивија.

„Владата де-факто дејстувајќи како воена диктатура, повторно ги убива моите браќа во Ел Алто, кои мирно се спротиставуваат на државниот удар и се борат за одбрана на животот и деморкатијата“, напиша Моралес на Twitter.

Блокадата на рафинеријата во Сенката од страна на приврзаниците на Ево Моралес доведе до тоа од 14-ти ноември националната нафтена компанија YPFB да престане со испораките на бензин, дизел гориво и течен природен гас во регионот на боливиската престолнина. Во Ла Паз јавниот транспорт не функционира, по што самопроглесената привремена претседателка Жанин Ањез ги постави на челната позиција на Националната агенција за јаглевороди ANH армискиот генерал Виктор Уго Саморо, наредувајќи му да го осигури снабдувањето со гориво на главниот град.