ВИДЕО| Љутков: Велес е културната караула на Македонците по која светот нè препознавал

Велес е временската капија низ која поминувале различните светови, поинаквите култури и различните луѓе. Велес е културната караула на Македонците по која светот нè узнавал и препознавал, вели Зоран Љутков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Четири години нè бришат од Велес, а никако да нè доизбришат. Четири години нè тераат да го заборавиме, а сеќавањата се повеќе навираат. Четири години се трудат да го понижат, а тој се погорд и погорд станува, вели тој.

Видеото во кое Љутков испраќа моќна порака, погледнете го во продолжение: