ВИДЕО: Вака изгледа кога мажите и жените ќе ги променат улогите

„Угнетено мнозинство“  е името на краткиот филм во кој француска режисерка и актерка Елеонор Пуриат го опишува светот во кој што жените и мажите ги заменуваат улогите.

Во филмот мажот е тој кој се грижи за детето, а „важните“ станарски разговори со него не сакаат да имаат претставници на станарите, туку со презир истакнуваат дека ќе разговараат со сопругата.

По улиците топлес трчаат жени, додека мажите приговараат дека се премногу провокативно облечени.

Подгледнете го видеото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.