(ВИДЕО) Валенсија ја наполни мрежата на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид потврдија во неделата дека сезонава играат со големи осцилации и доживеаја тежок пораз до 1:4 на гостувањето кај Валенсија во деветтото коло од шпанското првенство.

Реал го претрпе резултатски најтешкиот пораз од почетокот на сезоната иако на почетокот од денешниот меч ништо не навестуваше дека ќе доживеаа потоп на „Местаља“. Особено што мадриѓаните поведоа во 23 минута со колот на Карим Бензема. Но во 35 минута беше досуден пенал за Валенсија, а шутот на Карлос Солер го одбрани Тибо Куртоа, со одбиентата топка Солер ја погоди стативата, а на втората одбиена топка побрез беше Мисах и конечно ја погоди мрежата. Но реагираше ВАР-от според кој голманот на Реал прерано ја напуштил гол-линијата па ударот од белата точка беше повторен а овојпат Солер не згреши.

Во 43 минута реаловиот бек Рафаел Варан трапаво реагираше и ја погоди сопствената мрежа, а овој гол беше признат дури по долготрајното прегледување на ВАР-от. Во вториот дела Солер уште двапати реализираше најстроги казни, во 54 и 63 минута и дојде до редок „хет-трик“.

Реал Мадрид сега падна на четвртата позиција со 16 бодови, четири помалку од водечкиот Реал Сосиедад, но со осум натпревари од деветте кола, а Баските ги имаат одигрено сите. Валенсија, пак, направи исчекор од вториот дел на табелата и сега е деветта со 11 бодови, во групата екипи која ја води осмопласираната Барселона но која има одиграно само седум кола.

Реал Сосиедад претходно во неделата беше сигурен на домашен терен со 2:0 против Гранада, а стрелци беа Начо Монреал во 22 и Микел Ојарзабал во 27 минута од пенал. Баските во 86 минута останаа без исклученот Робин Ле Норман.

Реал Сосиедад на врвот има 20 бодови, два повече од второпласираниот Вилајреал и три од Атлетико Мадрид кој има одиграно седум мечеви, а Гранада остана петта на табелата со 14 бодови од осум одиграни кола.

Вилјареал до втората позиција на табелата дојде со гостинската победа од 3:1 кај Хетафе. Почетните дваесет минути од натпреварот навесуваат меч со многу погодоци, откако беа постигнати три, но до крајот на дуелот беше постигнат само уште еден погодок.

Гостите поведоа во 11 минута со голот на Пако Алкасер, а по пет минути израмни Мауро Арамбари но веќе во 17 минута Вилјареал повторно го презема водството со голот на Ману Трикверос. Конечните 3:1 ги постави Жерард Морено во 62 минута. Хетафе по поразот е на десеттот место со 11 бодови.

Вајадолид дома со 2:1 го победи Атлетик Билбао. Стрелци за домашните беа Фабијан Орелана во 19 минута од пенал и Маркос Андред во 48 минита, а во 86-та намали Ињаки Вилијамс од белата точка.

За Вајадолид оваа беше првата победа сезонава во девет кола и сега со вкупно шест бода последното место на табелата ѝ го препушти на Уеска која исто така има шест бодови но од дури шест ремија и без ниедна победа. Атлетик Билбао е 14-ти со девет бодови.

Алавез поведе со голот на Лукас Перез во 4 минута на гостувањето кај Леванте за кого во 51 минута израмнувачкиот гол го постигна Хозе Луси Моралес Ногалес. Иако речиси цел час госите играа со играл помалку откако во 34 минута беше исклучен Едгар Мендес, до крајот на мечот немаше премена на резулататот 1:1.

Леванте со шест бодови е на 18-то место, а Алавес е 15-ти со девет бодови.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.