(ВИДЕО) Валенсија го спречи Реал да избие на врвот, Бензема спаси бод во последната секунда

Фудбалерите на Валенсија го спречија мадридски Реал да се искачи на врвот од табелата на шпанското првенство, откако против фаворитот пред своите навивачи одиграа без победник 1:1, кој се спаси од пораз во последните секунди од дуелот.

Водечкиот гол за Валенсија го постигна Карлос Солер во 78 минута, а бод на Реал му донесе Карим Бензема во петтата минута од судиското продолжение на мечот. Во акцијата за погодокот учестуваше и голманот на „Кралевите“, Тибо Куртоа, кој дојде во шеснаесетникот на домаќините во моменти кога неговиот тим немаше повеќе што да загуби.

Така, по вчерашниот кикс на Барселона кај Реал Сосиедад (2:2), Реал со неделниот резултат, се израмни бодовно со Каталонците – 35 бода, а Валенсија е осма со 27 бодови.

Ремијата на водечката двојка не успеа да ги искористи
Севилја, бидејќи беше поразена на домашен терен од Виљареал 1:2. Стрелец за Свеилја беше Ел Хадади во 66 минута, а Виљареал поведе во 13 минута преку Албиол а потоа и во 74 минута со голот на Екамби.

Мајорка освои важен бод на гостувањето кај Селта Виго. Домаш ните поведоа со голот на Рафиња во 20 минута, а на 1:1 израмни Севиља од пенал во 33 минута. Аспас домашнте повторно ги доведе во водство во 50 минута со реализирање на удар од белата точка. Мајорка од 78 минута играше со играл помалку откако на Раиљ му беше покажан и вториот жолт картон, но сепак во 83 минута Анте Будимир натрча на една одбиена топка и од непосредна близина ги постигна конечните 2:2.

Селта Виго остана на 18-то место, кое води во втората лига, со 14 бодови, а Мајорка со бод повеќе е место погоре на табелата.

Еспањол ремизираше (2:2) на свој терен во дуелот со Реал Бетис. Гостеи поведоа во 4 минута со голот на Иглезијас, а во 19 минута за домашните израмни Дардер. Еспањол на полувремето замина со предност, откако во 41 минута пресвртот го донесе Бернардо, но Вартра во 68 минута им доденесе бод на гостите.

Еспањол е последен 20-ти со 10 бодови, а Бетис е 12-ти со 23 бодови.

Хетафе со головите на Куку во 36 и Анхел во 82 минута ан домашен терен го победи Вајадолид. Хетафе ја задржа високата четврта позиција на табелата со 30 бодови, а Вајадолид со 19 бодови е 15-ти на табелата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.