ВИДЕО: Вчерашниот ден траеше 24 часа и една секунда

ВИДЕО: Вчерашниот ден траеше 24 часа и една секунда

Последната минута во вчерашниот ден, според астрономските пресметки, траеше 61 секунда.

Ваквата секунда плус на вчерашните 24 часа беше „вметната“ со цел да се усогласат природните и атомските временски скали.

Поаѓајќи од овој факт, водителот на телевискиот шоу „Ласт Вик Тунајт“, Џон Оливер синоќа реши на своите гледачи да им понуди предлози за тоа што би можеле да направат со дополнителната секунда.

– Знам дека дополнителната секунада не изгледа значајна, но во таа една секунда можете да направите многу работи, изјави Оливер.

Тој посочи дека во таа вишок секунда можете да му го уништите задоволството на својот соговорник со тоа што ќе му кажете важен детал од крајот некој интересен филм.

– На пример можете да кажете: Брус е мртов, Сози е Спејси, реновирањето на кујната трае…, изјави Оливер во шоуто, додека во позадина беа прикажувани сцени од филмовите „Шесто сетило“, „Приведете ги осомничените и „Премногу сложено“.

Оливер дури ги закупи и домејните SpendYourLeapSecondHere.com i JohnOliverSecsTapes.com, кои водат кон иста адреса на која објави смешни видеа во траење од една секунда.