(ВИДЕО) Веб-страницата за попишување веќе е хакирана?!

Корисничка алармира на Фејсбук дека открила недостаток на официјалната апликација за само-попишување за пописот на населнието, и детално опишува како може да се измами веб-страницата која е недоволна заштитена и овозоможува манипулации.

„Здраво, мислам дека наидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно.

Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN.

Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања.

Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше “Друго” или нешто слично.

Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан…

И сега се прашувам 2 нешта:

1. Зошто не постои подобра заштита која мене од Македонија би ми оневозможило да се само-попишам?

2. Дали сега, кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса, ќе бидам исклучена од физичкиот попис, да ме прескокнат т.е. како да не се бројам 2 пати еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе нѐ попишуваат?“, се наведува во забелешката објавена од корисничка на Фејсбук групата Сојузен Комитет на Програмери на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.