(ВИДЕО) Венецуелски ловец пресретнал американски разузнувачки авион

Венецуелски авион неодамна направил “небезбеден пристап” на авион на морнарицата  на САД кој летал во меѓународниот воздушен простор, “загрозувајќи ја безбедноста на екипажот и загрозувајќи ја” мисијата на авионот, гласи соопштението.
Инцидентот, кој се случил во петокот, вклучувал пресретнување на Венецуелски борбен ловец Сухој Су-30 (од руско производство) и авиони ЕP-3 “Aries” на американската морнарица.
Авионот ЕP-3 “Aries” според изјавите,  спроведувал мисија за „откривање и следење“, но подоцна во неделата, на твитер, Јужната воена команда на САД, дообразложи дека тоа била активност поврзана со „мултинационална и меѓународно призната и одобрена мисија воздушен простор над Карипското Море.“

“Откако ја разгледавме документацијата и видеото, утврдивме дека ловецот од руско производство, агресивно го засенил ЕP-3 “Aries” на небезбедно растојание во меѓународниот воздушен простор во подолг временски период, загрозувајќи ја безбедноста на екипажот и ја загрозил мисијата ЕP-3″. се вели во соопштението.

Венецуела остро ги демантираше тврдењата на САД, соопштувајќи дека американскиот авион имал очигледна мисија во близина на воздушниот простор на Венецуела, истиот ги игнорирал протоколите и комуникацијата во воздушен простор според меѓународните ICAO стандарди. Тоа било причина да бидат ангажирани два ловци пресретнувачи, по што американскиот авион веднаш се оддалечил на безбедна далечина од воздушниот простор на Венецуела.

Она што е помалку противречно, посебно кажано и од бројни одговори на социјалните мрежи е тоа што и „лаиците“ знаат која е вистинската намена на американскиот авион ЕP-3 “Aries” – а тоа се разузнувачки мисии и собирање податоци.
Имено со авионите од овој тип е поврзан и инцидентот  „Хајнен“ во Кина, од април 2001 година, но и бројни други инциденти особено во меѓународниот воздушен простор во близина на границите со Кина и Русија.
Забележливо е дека снимките кои се објавени, се обработени и зумирани, односно со сокриена телеметрија и податоци од сензори (креирање привид дека авионот правел блиски и агресивни маневри), со цел да се оправда реакцијата и острата дипломатска реторика кон властите во Венецуела, но и против поддршката од страна на Русија.

Фотографии и снимки: Твитер
https://www.dvidshub.net