ВИДЕО: Верверичка живее во косата на девојче

Мала и напуштена верверичка си направи удобно гнездо во косата на 16-годишно девојче, чии родители ја спасиле.

Родителите на Еби Патерил водат азил за животни во близина на главниот град на Зимбабве, Хараре. Тие ја нашле малата верверичка Хами, стара само неколку дена и повредена на подот на нивното прифатилиште за животни.  Штом ја донеле дома, таа веднаш удобно се сместила во косата на нивната ќерка, правејќи си гнездно.

За да смести Хами во нејзината коса, Еби си врзува коњско опавче, а потоа ја крева косата нагоре.

Девојчето и верверичката од тој ден се неразделни, заедно се тушираат, јадат, па дури и одат на училиште.

Мајката на Еби вели дека верверичката е добро, закрепнува и брзо расте.