Копшаркарите на белградска Црвена ѕвезда ја освои титулата во регионалната АБА лига, откако во петтиот меч од финалната серија до три победи ја совладаа подгоричка Будуќност со 67:60 (15:14, 18:14, 20:21, 14:11).
Во речиси исполнетата арена „Александар Николиќ“ Лендри Нноко со 17 коша и 12 скоковои беше најдобар во редовите на Ѕвезда, а Џордан Лојд кој во првото полувреме имаше извонредно лош учинок со шест промашувања од игра и две загубени топки, на крајот постигна 15 поени. Кај Будуќност најефикасен беше Џастин Кобс со 21 кош.
За Црвена ѕвезда ова е петтата титула во АБА лигата, а сите пет ги освои во последните шест сезони на ова натпреварување,. Будуќност остана на една титула која ја освои во 2018 година.