ВИДЕО| ВМРО-ДПМНЕ: Вистината излезе на виделина – власта нема ниту 70 пратеници за уставите измени

Премиерот Димитар Ковачевски и целата негова партија СДСМ со месеци лажат дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Уставот, но вчера вистината излезе на виделина – дека власта одвај има подршка од 70 пратеници, реагираат денеска од опозицската партија.

„Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени. Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени.

Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70. Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го кажа претседателот Мицкоски уште на 16.07.2022 година е ист. Промена на Устав нема да помине“, се вели во партиската реакција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.