21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

(ВИДЕО) Во Атина нападнат поранешниот претседател на Грузија, Сакашвили

Во Атина физички е нападнат поранешниот претседател на Грузија Михаил Сакашвили.

Тој пристигнал во Грција за да разговара со грузиксите емигранти, пренесува Спутник Грузија.

Во близина на зградата каде требало да се одржат разговорите , момче со качулка на главата го нападнало екс претседателот Сакашвили.

Во инцидентот се повредени неколку лица. По смирување на тензиите Сакашвили сепак се сретнал со емигрантите и им ги образложил своите идни политички планови.