(ВИДЕО) Во автобуска несреќа во Португалија загинаа 28 германски туристи

Во несреќа на туристички автобус на португалскиот остров Мадеира во средата загинале 28 германски туристи, изјави градонаначалникот на Санта Круз, Фелипе Соуза.

Несреќата се случила во 18,30 часот по локално време кога од засега непознати причини, возачот на автобусот во кривина ја загубил контролата над возилото, слетал од коловозот и удрил во една куќа.

„Најмалку 28 лица загинаа, 11 мажи и 17 жени, а сите се германски државјани“, рекол Соуза. Во автобусот имало 57 туристи, додал

Возачот и водичот на групата се повредени, но преживеале. Неколку туристи се хоспитализирани во градот Фуншал, извести агенцијата Lusa.

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуа објави дека во текот на ноќта е на местото на несреќата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=DcrJHGCCxuM