(ВИДЕО) Во Берлин напад во трговски центар, има настрадани

Засега неидентификувани напаѓачи извеле напад на филијала  на една банка лоцирана во трговскиот центат „Karstadt“ во Берлин, при што настрадале 11 лица, соопшти полицијата на германската престолнина.

„Има бројни настрадани во областа Кројценберг. Се наоѓаме во трговскиот комплекс Хазелхајд на Херманплац“, прецизирале од службата за спасување на Берлин.

Според весникот Der Tagesspiegel, во вооружениот инцидент биле повредени осум лица, на кои им била пружена лекарска помош на самото место. На местото на настанот се распоредени десетици амбулантни и полициски возила.

Блокирани се метро станиците „Херманплац“ и „Карл Маркс Штрасе“. Четворицата напаѓачи побегнале од местото на злосторството и по нив трага полицијата.

„Полициската операција продолжува во моментов. Станува збор за напад чија цел била грабеж. Сѐ уште не е познато дали тоа се случило во треговскиот центарр или веднаш до него“, изјавиле од берлинската полиција.

Од полицијата одбиле да потврдат официјално дека ограбувачите користеле солзавец, како што соопштиле за медиумите некои од спасувачите.