(ВИДЕО) Во Бразил момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и наставник

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и наставник во Саудадес, во бразилската држава Санта Катарина.

Локалните медиуми информираат дека повредени се уште едно дете и жена кои се пренесени во болница и се наоѓаат во многу состојба.

Осомничениот тинејџер, кој има сериозни повреди, е уапсен, пренесува бразилски „Глобо“.