(ВИДЕО) Во Чикаго ги палат шините, стравуваат да не пукнат од поларниот студ

Властите во Чикаго се справуваат со поларните студови кои ги зафатија САД на невообичаен начин. Тие ги опожарија железничките шини за да се сигурни дека ќе нема застој во железничкиот сообраќај, пишува CNN.

Огнот се контролира преку систем за гас, лоциран под шините, чија цел е температурата да ја држи над нулата. Покрај пламенот, шините се загреваат и со топол воздух. Ако не се загреани, шините може да се оштетат, односно да се скршат конекторите. На температури под нулата, металот се намалува и шините се разединуваат.