ВИДЕО: Во Дубаи ќе никне град со контролирана температура

Во Дубаи ќе никне првиот град во кој температурата ќе биде контролирана.

Градот ќе биде со површина од 743 илјади квадратни метри.

Во зима ќе биде откриен, а во лето ќе се „покрива“ за да се избегне жештината во оваа земја која достигнува 50 степени во периодот од мај до септември.

Комплексот ќе има забавни паркови, културни квартови, хотели, медицинско туристички центар, трговски центри. Се очекува годишно градот да го посетуваат 180 милиони гости.

Од инвеститорите не соопштуваат кога би требало да се гради новиот град и колку ќе чини.