Капачите кои одлучиле викендот кој измина да го поминат на една од најомилените плажи Копакабана во Дубровник, изјавиле дека ја изгубиле волјата и храброста да влезат во вода откако е видена ајкула.
Тоа и не е баш некој почеток на капачката сезона која би ја посакале, велат жителите кои се затекле на местото на настанот, пренесуваат локалните медиуми. Заради тоа многу од љубителите на летните радости останале на копно, а морето го гледале од пристојна далечина.
Полицијата пристигнала со задоцнување од еден час откако случајот бил пријавен. Наводно станува збор за сина ајкула, односно врста која ретко ги напаѓа луѓето.