Во експлозија на автомобил бомба во главниот штаб на азиските џихадистичките борци од Азија во градот Идли, во северозападна Сирија, во неделата убиени се 23 лица, од кои седум цивили, соопштија опозициска Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон и либанската телевизија al-Mayadeen.
Борците коишто пристигнале до азиските земји, особено од централна Азија, како и Ујгури, туркофона заедница по потекло од кинеската покраина Ксинџијанг, се дел од исламистичките и џихадистички фракции во Сирија.
„Силната експлозија се случи во главниот штаб на Војниците од Кавказ во градот Идлин, при што загинале 23 лица, од кои седум цивили“, изјавил за AFP директорот на SOHR, Рахман Абделрахман. Додал притоа се повредени десетици лица.
Извори на либанската новинска мрежа al-Mayadeen потврдиле дека експлозијата била насочена кон зградата во којашто биле сместени челниците на милитантите на Кавкаскиот фронт, коишто за овој напад ги обвинуваат припадниците на џихадистичката коалиција Хајат Тахрир ал-Шам (HTS). Кавкаските милитанти се многу присутни во Идлиб, а повеќето од нив живееле во одземени приватни домови во објекти на улицата каде што се случиле двете експлозии
Претходно во градот Идлиб, 300 километри северно од сириската престолнина Дамаск, во близина на супермаркет експлодирал автомобил натоварен со повеќе тони експлозиви при што загинале повеќе од 30 луѓе, пренесе al-Mayadeen.
Во покраината Идлиб влијанието во градовите и селата е поделено меѓу редица радикални групации, вклучително и терористичката групација Џенхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда. По наредување на сириските владини сили во покраината, се зголемуваат несогласувањата меѓу челниците на радикалните фракции при што доаѓа до судири меѓу нивните следбеници, во кои страдаат и цивили.
Експлозиите се случиле истиот ден кога сириските владини трупи и локалните сојузнички милиции тргнале во напад за ослободување на градот Синџар во областа Маарат ал-Нуман во покраината Идлиб, откако џихадистите од HTS биле поразени. Истите извори наведуваат дека војниците на сириската армија и нивните сојузници во блиските денови може да ги заземат градовите Мутавасита, Киара, и Кафрија ал-Ма’ара. Градот Синџар притоа ќе послужи како клучна точка за натамошните воени операции во покраината Идлиб.
Градот е на само 14 километри од важната воздухопловна база Аби ал-Духур, чиешто повторно заземање ќе ѝ овозможи на сириската армија воздушни напади против позициите на терористите во покраината.